Здравјето е безмерно богатство кое не може да се купи, да се замени ниту да се надомести со какво и да е друго земно богатство ако тоа се наруши или се загуби. Со право се вели дека најсиромашните луѓе со добро здравје се побогати и од најбогатите со нарушено здравје, за чијашто вредност ние често не сме свесни додека не го загубиме. А кога ќе го загубиме, тогаш кај нас настапува лута жалост, неизвесност и силна тревога, ја губиме почвата под нозете, влегуваме во беспоштедна битка и не штедиме ни време, ни труд, ни пари за да го повратиме, ако воопшто тоа може да се поврати и обнови.

За нашето здравје е заинтересиран и нашиот Бог-Творец, кој не создал, и неговата Реч, Библијата, во којашто читаме: “Љубезен, се молам на Бога да ти биде добро во се, и да бидеш здрав, како што и е добро на твојата душа” (3. Јованово послание 2. стих).

Од тие причини, христијаните адвентисти на здравјето му придаваат голема важност така што се придржуваат кон упатствата за исхрана што Бог му ги дал на својот народ во Библијата и кон најновите медицински сознанија од таа област. Затоа не е случајно што светските анализи и анкети покажуваат дека адвентистите уживаат подобро здравје од другите луѓе.

За пионерските активности на христијаните адвентисти на полето на здравството, поопширно во рубриката „повеќе”.

Ви препорачуваме

Живот без стрес
Извонредно корисна книга која ќе ви помогне да се справите...
 
повеќе


НАСКОРО!
Исхраната и здравјето
Откријте ја улогата на исхраната во вашето здравје...
 
повеќе


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков