Библиска доктрина, или популарно, Библиска поука, е материјал кој адвентистите го имаат како заеднички предмет за систематско проучување на Библијата. Во текот на три месеци насекаде низ светот се проучува за иста тематика.

Предмет на проучувањето понекогаш е некоја од книгите на Библијата (на пр.: книгата на пророкот Исаија, Евангелието според Матеј, Павловото писмо до христијаните во Рим...), а понекогаш тоа е некоја одредена библиска тема (на пр.: верата, меѓучовечките односи, Христовата жртва на крстот, љубовта... и сл.)

Материјалот во Библиската поука е поделен во седмични целини, а тие пак во делови за секој ден. Низ илустрации од животот, коментари, прашања и, се разбира, библиски цитати, се запознавате со материјата која се проучува (види пример во pdf).

Она што во текот на седмицата се проучувало дома, во сабота во црква, за време на посебниот дел од богослужбата наречен Саботна школа, се утврдува преку размена на мислења, дискусии, надополнувања, полемика...

Материјал за ЈУЛИ-АВГУСТ-СЕПТЕМВРИ 2008

ВЕСНИЦИ НА НАДЕЖ

Швеѓанецот Ингмар Бергнам кажал приказна во која еден витез, по име Антониј Блок, клечи пред исповедална и ги исповеда своите гревови. Дури подоцна сфаќа дека и се обраќа на самата Смрт - во вид на облечена сенка, а не на свештеникот. Блок зборува дека не бара вера, ни претпоставки, туку знаење.
„Сакам,”, вели Блок, „Бог да ги подаде рацете кон мене, да се открие и да ми проговори.”
Смртта му возвраќа дека Бог можеби не постои, дека постои само ништожност.
„Тоа е”, кажува Блок, „живот на нечуен ужас. Никој не може да живее соочен со смртта, а свесен дека сe е ништожно.”
Денеска милиони луѓе живеат соочени со таквата ништожност. Тие не веруваат во Бога и не се надеваат на ништо надвор од светот што ги окружува. Тогаш не е ни чудо што мнозина се сосредоточуваат на угодноста на овој живот, барајќи утеха во задоволствата и во разните световни забави. Христијанската вера - која нe повикува да „не мислиме на она што е видливо, туку на она што е невидливо; зашто видливите работи се поминливи, а невидливите се вечни”, (2. Коринќаните 4,18) - ним им се чини како нешто сосем туѓо.
Како христијани, ние сме Божји орудија и треба да им однесеме надеж на тие луѓе, да им укажеме на Божјата љубов и грижа кон нив, да им покажеме дека животот, иако знае да донесе нечуени ужаси, сепак, на крајот нема да биде нечуен ужас и дека Бог, конечно, сe ќе исправи.
Библијата ни дава многу примери на вдахновени извештаи за Божјите гласници на надежта. Во поуката за ова тримесечје ќе се сосредоточиме на некои од тие истакнати мисионери, на нивниот живот и на она што го правеле во настојувањето на другите да им го однесат спасоносното знаење за Господа нашиот Спасител.
Елена Вајт кажува за еден човек кој скоро се смрзнал во длабок снег, наоѓајќи се на работ на смртта. Штотуку сакал да се откаже од понатамошната борба за живот, кога чул како некој патник во близина плаче. Прва негова реакција била да го спаси тој човек. Кога го пронашол, почнал да му ги трие смрзнатите делови. Најпосле го подигнал на нозете и го носел низ снежниот намет барајќи некое безбедно место.
„Одеднаш се сетил на вистината дека, спасувајќи го својот ближен, се спасил и самиот себеси”, поттикнувајќи струење на „крвта која се смрзнувала во неговите сопствени вени” (Testimonies for the Church, kn. 4, str. 319).
На што упатува ова? Една здрава црква е сосредоточена на служба за другите. Кога Божјата љубов ја делиме со останатите во заедницата, тоа во црквата внесува нов живот и енергија.
Би било погрешно во текот на ова тримесечје да проучуваме за овие библиски гласници на надежта како интересни историски личности и да останеме само на тоа. Пред сe, потребно ни е да се вдахнеме од нивниот живот и да се сосредоточиме на нашата мисија за светот што умира. Ништо друго не би можело да ни даде поголемо освежување ниту да влее во нас посебен животен дух, како настојува-њето да допреме до другите луѓе.

Наша молитва е библиската поука за ова тримесечје да нe поттикне одново да се посветиме на работа - да ја делиме Божјата љубов со своите соседи, со своите пријатели и во мисионските полиња во светот. Ако постапуваме на тој начин, ќе сфатиме дека нашиот христи-јански живот едноставно добил потполно нова димензија.

Гери Краус, Австралијанец чии родители биле мисионери во Фиџи, директор на службата на адвентистичката мисија при Генералната конференција. Оженет е со Бетина; имаат една ќерка, Бетани Грејс.

Напомена:
Со десен клик на насловите подолу (Save Link As...), можете да ги превземете седмичните целини на Библиската поука во pdf формат!

СОДРЖИНА:

1.  За време како што е нашето: апостол Павле

2. „На сите им станав сe": Павле му проповеда на светот

3. Jован Крстителот: подготовка на патот за Исус


4. Божјиот Син меѓу нас


5. Maтеj 10: Исус и неговите ученици

6. Сочувствителен Спасител

7. Aпостол Јован


8. Oд неразумност до вера: апостол Петар


9. Столб на мисијата

10. Значењето на неговата смрт

11. Жените учеснички во мисијата

12. Mисија во една незнабожечка земја: Даниел и неговите другари

13. „Eве ме мене, испрати ме мене": пророкот Исаија

Додаток
Утрински стихови
Секојдневно читање на Библијата
Текстови за вечерно богослужение
Табели за почеток на саботата во Македонија

 

МОЖНОСТИ ЗА ПОРАЧКА
Библиската поука во печатен формат можете да ја порачате по цена од 100 денари за еден примерок+ поштарина

име и презиме:

улица и број:

телефон:

место:

е-mail:
 




 


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков