„Учи го детето на патот по кој треба да оди, и нема да отстапи од него ни кога ќе остари.“
(Мудри изреки Соломонови 22,6)

 

Воспитување
Адвентистите посветуваат посебно внимание на воспитувањето на децата во христијански дух. Изградбата на личност со пријатен и урамнотежен карактер е задача која трае целиот живот. И затоа, уште од најрана возраст, во домот, тие ги подучуваат своите малечки за вистините од Библијата.

Детска саботна школа
Во сабота, во црква децата си имаат свое време за проучување наречено детска саботна школа. Тое е време во кое преку песнички, илустрации, боење и цртање (зависно од возраста), со своите врсници тие ги збогатуваат своите сознанија за Бог, за Библијата.
Учат дека треба да бидат добри луѓе, учат како да постапуваат во различните животни ситуации, учат да тежнеат по вистинските вредности во животот: љубов, чесност, грижа за другите...

Приредби, свечености...
Одвреме-навреме децата, предводени од детските учителки во саботната школа, подготвуваат приредби со кои јавно настапуваат пред возрасните. Нивните мили гласчиња ги допираат најнежните чувства кај публиката. По завршувањето на програмата, лицата на сите уште долго се раширени во искрена и ведра насмевка. Не попусто Исус, мислејќи на децата, рекол: „На таквите им припаѓа царството небесно!“.

 

 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков