|
|
 |
 |
Спортско рекреативно друштво
ГОФЕР - Скопје
Ул. Влае бр. 42, 1000 Скопје, тел. 02/2048-038
|
Во април, 2005 година, во рамките на Христијанската Адвентистичка црква, основано е спортско рекреативно друштво под име „ГОФЕР“. Целта на ова друштво е преку различни проекти од јавен интерес во Македонија да се промовира здравствената реформа и воопшто здравиот начин на живот. Предвидени се разни семинари за здрава исхрана а исто така и одржување на најразлични спортско-рекреативни активности.
Во Колешино е одржан состанок на сите членови каде се предвидени следниве активности:
- Извиднички летен камп во 2006 г. за нашите деца од цела Македонија,
- Турнир во мал фудбал во Скопје на крајот од месец мај 2006 г.
До сега фудбалската екипата од Скопје гостуваше на спортските турнири во Загреб, Љубљана и Пловдив, каде во саботите во месните цркви го славевме Бога заедно со останатите екипи, а во неделите се дружевме преку спортските активности.
Вредно е да се напомене дека на сите овие дружења владееше вистинско братско заедништво и вистински фер-плеј однос.

Во Пловдив од 23 екипи, екипата од Скопје го освои првото место. Но и покрај ваквите резултати, најважно беше учеството и пред се дружењето со нашите браќа и сестри од други држави.
„ГОФЕР“ има поставено пред себе високи цели и големи планови, и се надеваме дека со Божја помош и Ваша соработка тие ќе се остварат.
Ванчо Трајковски
|
 |
| Зачленување |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
ФОРМУЛАР ЗА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ДРУШТВОТО!!!
|
 |
 |
 |
 |
|
|
|