70ден.
(+поштарина)
 
Библијата - времеплов во иднината
-

Светлина во темнина

Дождлива ноќ. Светлата на автомобилот одненадеж се гасат - токму на најопасното место, на свијокот на планинскиот пат. Возачот го зафаќа паника. Бргу го запира возилото и го гаси моторот. Целосен мрак! Дури тогаш сфаќа колку му значеле светлата и колку зависи од нив на патот преку кривулестите угорници низ дождливата ноќ. Одвај избегнал несреќа. Никогаш веќе не поаѓа на пат без да ја провери исправноста на светлата на колата.

Брзајќи по мрачниот автопат на нашиот живот, и ние мораме да имаме добро центрирани светла пред нашите тркала. Секојдневните новински, радио и телевизиски извештаи во цел свет ни зборуваат за огромни кризи со кои се соочуваат луѓето. Постојаните катастрофи ни го наметнуваат прашањето: Нели цел свет оди по пат што води во пропаст?

На многу светски патишта се гасат и малечките и големите светла. Луѓето се вознемирени. Секој сака да дознае што му носи утрешниот ден. Што ќе се случи со светот во блиска и далечна иднина? Дали ќе настане нов свет на мир, на благосостојба и напредок, или ќе настапи крај на нашата цивилизација? Што ќе се случи со нас во иднина? Што значат ненадејните и огромни промени во светот?

Библијата ни дава одговори на овие прашања. Сакате ли да ги слушнете? - Библијата сосем сигурно има излез за сите нас кои бараме решение за нашите проблеми. Нејзините светла со векови до денеска никого не го изневериле.

Ниту Управителот на вселената не нe оставил во темнина на незнаење за

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков