70ден.
(+поштарина)
 
Денот кога ќе исчезне злото
Клифорд Голдштајн

Клифорд Голдштајн, христијанин од еврејско потекло, силен теолог и автор на многубројни извонредно значајни духовни дела, во оваа своја книга, “Денот кога ќе исчезне злото”, на 100 страници многу исцрпно и документирано ни го опишува грдото лице на злото што го претрпеле безброј христијани, давајќи го својот живот заради својата вера во Христа, особено за време на средновековните мракобесија, хорори и холокаусти низ кои поминувале милиони маченици кога со светот управувал папскиот Рим кој пролеал илјадници тони невина човечка крв на илјадници ломачи и гилотини и на разни други начини насекаде низ светот.

На нејзините страници се среќаваме со славните реформатори Џон Виклиф, Јан Хус, Жан Калвин, Улрих Цвингли, Џон Веслеј, со бестрашниот Мартин Лутер, и со многу други храбри луѓе кои се кренале против злото и тиранијата на црквата и светот го извеле од мракоумието на своето време, дарувајќи им на луѓето слобода на мислата и совеста, за што многумина од нив тоа го платиле со својот живот на ломача и гилотина. Џон Фокс го опишал она што го доживувале протестантите во Германија:

“Генералите Тили и Папенхејм, кога зазеле еден протестантски град, извршиле колеж на 20 илјади луѓе, без оглед на сталежот, полот и староста, а 26 илјади се издавиле обидувајќи се да ја препливаат реката Елба. Кога бесот стивнал, преостанатите жители биле лишени од облеката, жестоко камшикувани, пресечени им се ушите и така препуштени на судбината... Вака изгледале злосторствата на кралските трупи под заповедништво на грофот Тили во Саксонија. Луѓето ги задушувале, па пак ги враќале на свест. Преку прстите на рацете и нозете преминувале со остри тркала... Главите толку силно им ги стегале со ремени и јажиња, што крв се леела од очите, од носот, ушите и устата... Во устата им ставале запален барут, со што им ги парчосувале главите... Протестантите ги врзувале за нозете и со главата свртени над оган ги сушеле на дим... Врзувани, задавувани, горени, претепувани, спалувани, распнувани, со пресечени јазици, носови, уши... со пресечени органи, парчосувани и за петиците влечени низ градските улици.”

Низ слични тортури вистинските христијани заради својата вера поминувале и во текот на едноумието во минатиот век, за што силно сведочи следното сведоштво:

Ричард Вурмбрант успеал да преживее четиринаесет страшни години сурово прогонство заради христијанската вера што ја исповедал искрено со сето срце. Од сите бруталности, со кои бил соочен во затворот, најмногу ја запаметил ќелијата “ладилник”, просторија чиишто ѕидови биле обложени со сињак и мраз.

“Затворските лекари”, пишува Вурмбрант, “низ еден отвор будно го следеа однесувањето на затворениците сe додека не би забележале симптоми на смрзнување и тогаш би ги повикале чуварите кои би влетале во ќелијата за да нe изведат и да нe затоплат. Откако би се затоплиле, веднаш пак нe враќаа во ќелиите ладилници и така тоа редовно се повторуваше. Затоплување надвор, па смрзнување, сe до минута или две пред трагичниот крај, па пак затоплување. И така во бескрај. Понекогаш дури и денеска се ежам кога се отвора фрижидер.”

Стражарите, пишува Вурмбрант, ги затворале христијаните во простории, односно во посебни сандаци кои биле одвај малку поголеми од самите нив. На сите ѕидови на тие просториисандаци биле зачукани клинци. Додека затворениците би стоеле стаписани простум, сe би било во ред, “но, кога ќе се уморевме и од умор ќе почневме да се тетеравиме, клинците се забодуваа во нашите тела. Ако би се поместувале или би затегале некој мускул, пак нe дочекуваа страшните клинци”.

Професорот Клифорд мошне зналечки и теолошки издржано ни ги образложува библиските пророштва на Апокалипсата и пророштвата на пророк Даниел кои се категорични тврдејќи дека принципот на одвоеност на државата од црквата во последните денови ќе замине во архивите на заборавот, кога верската слобода и слободата на совеста ќе станат историско минато и кога црквата ќе стане пак доминантна на светската сцена, вадејќи го лрѓосаниот меч на злогласната средновековна католичка инквизиција од неговите корици за да го подмачкува со нови количества свежа крв на оние кои мислат поинаку од нејзината железна мисла.

Тука наоѓаме поместени извештаи за небесниот суд кој почнал да заседава во 1844 година и чијшто крај веќе се насетува.

Внимание заслужува насловот на петтата глава “Америка во библиското пророштво”, Америка како најголема световна сила во тандем со најголемата духовна сила кои ќе доминираат на светската сцена во последните денови кога прашањето за сабота/недела ќе стане жешко прашање, прашање кое, според пророштвото, силно ќе се разгори пред Христовото доаѓање.

Авторот во книгата доста простор му посветува на скорашното второ Христово доаѓање како најславен настан пред чијшто праг се наоѓа нашата планета и целата вселена. Тоа навистина е скорашен ден кога конечно ќе исчезне злото со сите негови корени и грозомори низ кои со милениуми поминувало човештвото. Веќе се насетуваат зраците на зората на вечниот живот што наскоро ќе ни го донесе Христос од небото - “она што око не видело, што уво не чуло и што во човечко срце не дошло, тоа Бог им го подготви на оние кои го љубат” (1. Коринќаните 2,9).

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев