300ден.
(+поштарина)
 
Копнежот на вековите
Елена Г. Вајт

Во срцето на секој човек постои копнеж за она што го нема. Овој копнеж во неговата природа го всадил милостивиот Бог. Затоа тој често е незадоволен со своите животни постигања, иако тие можеби се врвни. Бог сака човекот да трага по највозвишеното добро и во таа потрага да ја открие вечната среќа на својата душа.

Сатаната со лукавство и со измама го изменил овој копнеж на човечкото срце. Луѓето ги навел да веруваат дека нивниот порив може да се уталожи со сетилни задоволства, со богатство, со удобност, со слава и моќ. Но милијарди луѓе што ги завел тој увидуваат дека сето тоа ја губи својата привлечност и во душата остава огромно незадоволство и подлабока празнина од онаа што ја чувствувале порано.

Бог предвидел овој порив на човечкото срце да се насочи кон Оној кој единствено може да го задоволи, кој единствено може да ги исполни сите наши копнежи - кон Исуса Христа.

Иако постојат многу книги насловени како “Исусов живот”, во кои можат да се најдат мноштво податоци за настаните од историјата на богатиот и разновиден живот на Исуса од Назарет, може да се каже дека во сите нив “ни половина не е кажано”. Оваа книга, “Копнежот на вековите” (862 страници), е дело на истакнатиот американски адвентистички автор, Елена Вајт, која живеела и работела во деветнаесеттиот и првата половина на дваесеттиот век. Таа е единствена книга од ваков вид која зазема челно место во опусот на светското духовно богатство, врвно место во рамките на светската духовна ризница, почесно место во Американската национална библиотека и е најомилена книга во домовите на милиони луѓе во цел свет кои со голема радост ја читаат, зашто во неа се среќаваат со феноменално убав опис на брилијантната и најпривлечната личност во вселената, со Исуса Христа како Спасител кој единствено во космосот бил во состојба да и подметне грб и да ја сопре лавината на гревот кој инаку наполно би го уништил нашиот свет.

Авторката на книгата со необична леснотија ги премавнува просторните и временските бариери што се испречуваат пред нас и мошне успешно нe воведува на сцената на библиските изворни евангелски настани на која го набљудуваме најпосакуваната личност, го гледаме Исиса Христа како лекува болни од секаква болест - им враќа вид на родени слепци, крева на нозе луѓе долги години парализирани и врзани за постела, лекува болни чиешто тело е обезличено од страшната болест лепра, ослободува опседнати од демони кои им создаваат ужасни психички маки и проблеми, и заповеда на луња да стивне и таа му се покорува, дига мртви; ги поучува луѓето на вистинскиот пат кој води во вечен живот каде што не ќе има грев, каде што “Бог ќе избрише секоја солза од нивните очи и каде што нема веќе смрт, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина” (Откровение 21,4).

Гледаме како кај Исуса доаѓаат луѓе од сите општествени структури - загрижени, разочарани, јадосани, повиени и обременети со најразлични проблеми: брачни, семејни, меѓучовечки; луѓе осамени и напуштени, со гламносамо срце и со загубена животна ориентација и достоинство и со матна иднина, вознемирени грешници со оптоварена совест со грев и понижени - а заминуваат од него исправени, здрави, среќни и спокојни, со простени гревови и со светла иднина, заминуваат од него со распеано срце...

Книгата многу убаво прикажува како од Божјето срце блика љубов која се открила во неговиот Син - Божја несебична, насфатлива, чудесна, милна, копнежлива љубов која ги прегрнува сите луѓе на оваа планета. На нејзините страници е прикажана божествената убавина на Христовиот живот - привлечна, посакувана убавина која плени сечие срце. Исус ги привлекувал учениците и луѓето околу себе со добрината на својот карактер.

На страниците на ова високо вредно духовно дело авторката Елена Вајт, вдахновена личност со длабоко и долго искуство, инспирирано открила и опишала нови убавини од Исусовиот живот. Истакнала многу нови скапоцености од таа ризница на драгоцености. Ги направила достапни богатствата за кои не може ни да се сонува. Од многу познати библиски текстови, чијашто длабина читателот уште порано само ја насетувал, блескоти нова и величествена светлина. Најконцизно кажано, Исус Христос е откриен како полнота на Божеството, бескрајно милостив Спасител на грешниците, Сонце на правдата, милостив Првосвештеник, Исцелител на сите човечки болести, нежен Пријател полн со сочувство, постојан, доследен Другар кој секогаш е готов да помогне, Засолниште на својот народ, Кнез на мирот, Цар кој ќе дојде, вечен Отец, врв и исполнување на копнежите и надежите на сите векови.

Како посебен Божји благослов, Христијанската адвентистичка црква, преку својата издавачка куќа “Знаци на времето”, ја издаде оваа книга на македонски јазик со желба читателот во неа да се сретне и да оствари заедница со Оној кој со раширени раце го чека да го прегрне, со Исуса Христа кој единствено може да го исполни вековниот копнеж на човечкото срце за ослободување од овој грешен, чемерен и гламносан живот, и да му подари вечен живот, живот без грев, без болест, без солзи, без смрт и гроб...

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков