300ден.
(+поштарина)
 
Патријарси и пророци
Елена Г. Вајт

Книгата “Патријарси и пророци” е високо квалитетно духовно дело (812 страници) од познатата американска писателка Елена Вајт од чиешто перо произлегле големи светски дела, од кои многу се преведени на сите светски јазици, со што таа како автор ужива апсолутен примат во областа на светското духовно богатство.

Адвентистичката издавачка куќа “Знаци на времето” со овој превод ја збогати македонската духовна литература со уште едно издание кое, на читателот на македонското јазично подрачје му пружа неповторливо уживање и сознанија со вечни вредности.

Шест величествени, ненадминливи дела од споменатиот автор - “Патријарси и пророци”, “Пророци и цареви”, “Копнежот на вековите”, “Христовите параболи”, “Делата на апостолите” и “Големата борба” - прават целост и претставуваат незаменлив систематски коментар на Светото писмо. Секое од нив покрива определен временски и историски период од светата историја на Божјата реч, Библијата.

Книгата “Патријарси и прорци” на фантастично убав начин ги опишува библиските настани поврзани со зачетоците на гревот во срцето на најсилниот Божји ангел, Луцифер, продолжувајќи со неговиот бунт кој прераснал во отворен космички судир, во војна меѓу него и Христа, војна која се пренела, се разгорела и обгорела секое катче на нашиот свет и која наскоро ќе заврши со целосна победа на Христа над сатаната.

Чудесно убаво е опишано создавањето на нашиот свет, падот на нашите родители, Адам и Ева, во грев и страшните последици што произлегле од тоа. Вчудовидува извештајот за потопот, првата катаклизма што го снашла нашиот свет поради тоа што луѓето потонале во беззаконие и ја загубиле смислата на своето постоење како луѓе, што, според Христовите зборови, е повторена слика во нашите денови, непосредно пред скорашното второ Христово доаѓање.

Библиските настани натаму се живо прикажани и ние во нив гледаме како слабите грешни луѓе во борбата со гревот доживуваат падови и подеми, но, со Божја помош, стануваат вистински “голијати”, победници, чекорејќи напред кон вечен живот во Божјето царство. На извонреден начин е опишана светата бурна библиска историја на Божјиот народ во периодот на патријарсите и пророците од Адама до Давида.

Приведуваме дел од содржината на книгата:

Зошто било дозволено да се појави грев? * Создавањето * Искушение и пад * Искушението на Каина и Авела * Потопот * Вавилонската кула * Бог бара од Аврама да го жртвува својот син * Уништувањето на Содом * Свадбата на Исака * Јосифа го продаваат неговите браќа во Египет * Мојсеј * Египќаните ги снаоѓаат казни * Излегувањето на Израелците од Египет и нивниот премин низ Црвеното море * Бог го дава својот закон, десетте заповеди на Синај * Божјиот закон и стариот завет * Бунтот на Кореј * Вода од карпа * Смртта на Мојсеја * Самсон * Давид и Голијат

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков