100ден.
(потрошена)
 
Опасна авантура наречена спиритизам
Роже Морно

Живееме на свет и во време кога интересот на луѓето сe повеќе се насочува кон натприродното, мистичното, таинственото - кон она што е надвор од рамките на човековите рационални, егзактни сознанија и од дострелот на неговата моќ на сфаќање.

Оптоварени со огромни тешкотии, проблеми - брачни, семејни, општествени, меѓучовечки, економски, социјални, здравствени... и притиснати со страв од иднината - луѓето од цел свет, од сите општествени слоеви и положби, не можејќи да се справат со нив и да ги решат во рационалниот живот што можат да го контролираат, што е најлошо, решение бараат зад границите на видливото, и тоа од оној дел на невидливиот свет на духовите кои ги водат во уште подлабок очај, во опасни стапици и во тотална пропаст. Милиони луѓе, едни од споменатите причини, а други од љубопитство, стапуваат на мошне опасна почва, поврзувајќи се со невидливите духови од чијашто мрежа во никој случај не можат сами да се ослободат, и стануваат доживотни робови и жртви, губејќи ја при тоа својата личност и слобода. Тоа е опасна авантура наречена спиритизам која зема огромен замав и го освојува светот.

Авторот на оваа книга бил вовлечен во таа авантура, станал играчка во рацете на духовите и сам ги искусил стравотиите на спиритизмот од кој бил истргнат како обгорено дрво, како гламна од оган. Затоа да му дозволиме нему да ни зборува за оваа тема; да ни каже кои се тие духови кои светот сe повеќе го туркаат кон работ на пропаста и каква е таа авантура во која се впушта огромно мноштво луѓе, какви се последиците од учеството во спиритистичките активности и како може еден спиритист да се ослободи од неговите прангии, а ние од неговите стапици.

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев