100ден.
(+поштарина)
 
Утре почнува денес
Алф Лоне

Низ многубројни убави и мошне интересни и поучни примери, земени од секојдневниот практичен живот, професорот Алф Лоне, автор на оваа извонредна педагошка книга, “Утре почнува денеска”, на 148 страници ни ја доловува непринема убава, успешна и среќна иднина ако за неа не се постават задрави темеликосновената вистина дека “утре” навистина почнува денеска, дека и корења денеска.

Примерите што ќе ги наведеме од нејзината богата содржина навистина силно ја препорачуваат оваа книга:

“Сум видел многу уништени луѓе - не од светот, туку од самите себе!”

На ѕидот во приемното одделение на една голема фабрика бил поставен интересен натпис: “Кога ти би бил сопственик и кога би дошол овде да работиш, дали би се вработил самиот себеси?”

“Човек не може да постигне вистинска големина ако се мачи за неа... Родителите на мојата мајка, додека уште била девојче, имале птичка што ја викале Бил. Еден ден птичката ја скршила ногата. Мислеле дека треба да ја убијат, но следното утро ја нашле како пее потпрена на својата неповредена нога. Тоа е вистинска големина!

Една жена ја испрала облеката во која имало многу големи парчиња и ја закачила на јаже. Јажето се скинало и алиштата паднале во прав, но таа не изговорила ниту еден збор. Повторно ја испрала, но овојпат облеката ја распрострела на тревата за да не може да падне. Таа ноќ некое куче со валкани нозе претрчало преку неа. Кога видела што се случило, седнала и си кажала: ‘Зар не е смешно што ништо не обиколило?' Тоа е вистинска големина што треба да ја препознаеме.”

Нашите најдобри години не се секогаш во далечна иднина. Времето полно со предизвици за нас е сега - сега додека нашите најсветли соништа уште не се остварени.

Не е погрешно да се сонува за иднината. Речиси сe со што се фали нашата цивилизација е постигнато благодарение на некого што се осмелил да сонува, да мисли и да работи. Секое модерно откритие најпрво било идеја во умот на некој човек. За Хенри Форд се раскажува дека главата му била полна со тркала. Не поминало многу време, а неговите тркала почнале да се тркалаат низ цел свет!

Еден ден Џон Д. Рокфелер ненајавен влегол во една од своите канцеларии и го изненадил книговодителот кој седел наведнат над своите книги. “Ставете ги нозете на масата!” - му заповедал Рокфелер, “потпрете се на столицата и почнете да сонувате.”

Изненаден од таквата наредба што потекнала од неговиот работодател, книговодителот се збунил. Но кога Рокфелер ја повторил наредбата, книговодителот претпазливо ги ставил нозете на маса, се потпрел на столицата и учтиво прашал: “За што сакате да сонувам?”

Рокфелер кратко и јасно одговорил: “Сонувајте за тоа како ќе заработите пари за Стандард оил компанијата. Од сега тоа е ваша должност!”

При закопот на својот брат, сенаторот Едвард Кенеди цитирал една изјава на Џон Ф. Кенеди што ја изрекол неколку месеци пред својата смрт: “Некои луѓе работите ги гледаат онакви како што сe и се прашуваат зошто? Јас сонувам за работи што никогаш не постоеле и велам: Зошто не?”

Во текот на еден од првите денови на новата работа, на едно момче, ученик, работодателот му понудил голема чаша пиво. “Не, ви благодарам!” одговорило момчето. Овој одмерен одговор го налутил работодетелот. Веднаш налутено извикал: “Ние овде немаме никакви трезвеници.”

“Сe додека сум јас овде, ќе биде еден”, одговорил ученикот.

И понатаму мошне лут, работодателот се заканувал: “Слушај, момче, внатре или надвор, ти ќе го испиеш ова пиво!”

“Добро”, одговорило момчето, “можете да постапите како што сакате. Денеска сум дошол со чиста облека и чист карактер; можете да ми ја упропастите облеката, ако сакате, но не можете да ми го расипете карактерот.”

“Успехот е дете на храброста”, рекол Дизраели. Човекот што ја прифаќа својата цел, мора да покаже многу храброст кога донесува одлуки, кога зазема ставови, па дури и кога презема ризик, ако тоа го бараат околностите. Оној што не прифаќа ризик, не добива ништо!

И така, нашите читатели во книгата ќе најдат мноштво други интересни примери и важни совети што ќе им помогнат темелите за својата успешна и среќна иднина да ги постават денеска.

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков