200ден.
(+поштарина)
 
ВРЕМЕТО И ЗНАЦИТЕ
Никола Тасевски

Пред извесно време ја прекршивме 2000тата, долго очекувана и помпезно најавувана јубиларна година, со многу планирани и остварени јубилеи и со безброј искажани желби и надежи кои одговараат на една таква епохална преломна година, надевајќи се дека таа ќе биде увод во едно ново време кое нашата планета Земја ќе ја воведе во помирни води. Но, без оглед на големите и убави желби, надежи и силни очекувања и настојувања на луѓето да ја пренасочат нејзината очигледно морничава завршна фаза од нејзината прашлива историја кон тие, со срце и душа очекувани и посакувани помирни води за да здивнат од секојдневните шокови и потреси што ги доживуваат, таа сепак незапирливо брза во пресрет на својата крајно сурова и свирепа судбина, во пресрет на жестоките завршни настани и сцени видени со пророчко око и потврдени со библиски пророштва, според кои, човештвото ќе биде зафатено со општа безмилосна криза каква што не постоела во неговата крвава историја.

Молам, со најсериозно внимание и со најголема можна страхопочит, свечено, како кога се свири државна химна, во став мирно и без здив, да го чуеме небесниот проглас за ужасната непосредна иднина, за неспоредливо грдото мракобесие во кое веќе видливо запаѓа, тоне, и наскоро неповратно ќе потоне нашата планета. Почитувани, ако некогаш од нас се барало да бидеме длабоко, и до крајни можни граници свесни за нешто, за некој миг, тогаш, без сомнение, тоа е токму овој миг, мигот кога го слушаме директно гласот на семожниот Бог, гласот на неговата пророчка Реч, Библијата:

“Земјата тажи, венее, светот гине, згаснува, небото пропаѓа со земјата... Ете, Господ ја ништи земјата, ја разурнува, ја обезобразува, ги распрснува нејзините жители... Земјата ќе биде запустена, наполно ограбена, зашто Господ реши така. Проклетство ја голта земјата... Изгорени се земните жители, малку луѓе останаа. Лозата венее, воздивнуваат сите чиешто срце се веселеше. Прекрати разиграноста, замре радосната врева, замолкнаа веселбите... радоста е протерана од земјата... Стравотија, јама и стапица се пред тебе, жителу на земјата!... Ќе се растресат темелите на земјата. Земјата ќе се разбие грозно, земјата ќе се распука страшно, земјата ќе се стресе силно, земјата ќе се залула како пијан човек, ќе се затетерави како колиба, толку ќе и стежне нејзиното беззаконие, што ќе падне и веќе не ќе стане.” “Тоа ќе биде време на страдање какво што немало откако постојат луѓе па сe до тогаш” (Исаија 24,120; Даниел 12,1).

Страшно, ужасно; апокалиптички библиски пророштва за свирепи грозомори - страшни, најстрашни од кога и да е - вистински ужаси, чиишто реални димензии денешниот човек не може да ги согледа ниту да ги замисли, со кои е зафатена и низ кои болно поминува нашата планета, стравотии кои молскавично се нижат и множат на неа како се ближиме кон финалниот крај на нејзината историја - време за кое Христос кажува: “Луѓето ќе премираат од страв во исчекување на она што ќе го снајде светот”, и додава: “Блазе на мртвите кои отсега умираат во Господа” (Лука 21,26; Откровение 14,13). Ова се буквални библиски пророштва без никаква библиска симболика, кои со неверојатно разиграна динамика и со галопирачки чекори се исполнуваат пред нашите очи и ние, сакале или не, мораме со нив да делиме мегдан.

Според овие, а и други библиски пророштва, што ќе бидат предмет на разгледување, во прашање е опстанокот на оваа наша планета онаква кава што ја познаваме, а со тоа и опстанокот на денешната цивилизација којашто ја гази нејзината почва.

Напоменуваме - не станува збор за пророштва на Нострадамус, ниту за кои и да е други квазипророштва на други квазипророци, туку пред очите на читателите на показ ги изнесуваме пророштвата на библиските, на Божјите пророци и апостоли и пророштвата што ги изговорил лично нашиот Спасител Исус Христос, а се однесуваат на “последното време” или на “последните денови”, како што се нарекуваат овие наши денови во Библијата.

Ние се соочуваме и со свои очи ги гледаме сцените и настаните што пророците ги посматрале само во виденија. Тие пророчки сцени и настани, кои со голема брзина се нижат и излегуваат од рамките на природни непогоди и катастрофи, преминувајќи во ранг на катаклизми, колку и да се страшни, морничави, неприфатливи и одбивни за нас, сепак, ние сме зафатени со нивниот виор и не можеме да ги игнорираме и да ги одминеме ниту ние нив, ниту тие нас, зашто со нив делиме заеднички простор и заедничко време.

Некогаш гостољубивата пријателка, питомата и мирољубива планета Земја, со голема брзина му го откажува гостопримството на својот стопан, на човекот, и му станува свиреп непријател, лишувајќи го не само од своите вековни благодати со кои богато го дарувала, како мајка своите родени деца, и му овозможувала убав, среќен, спокоен и безбеден живот, туку се буни и се крева против него, ставајќи ги во движење сите свои потенцијални можности и механизми со кои располага за да му се одмазди, да го уништи и да го прибере во своите пазуви - реалност што секој ден станува сe поочигледна и што не може да се оспори, вистина што не можеме да ја одбегнеме, што мораме да ја прифатиме и да се справиме со неа, да останеме простум и при најсилните удари со кои ќе нe удрат “последните денови” чијшто праг веќе сме го пречекориле и да се ориентираме во времето на екстремниот песимизам на нашето столетие кога цел свет губи ориентација и запаѓа во бесперспективност и апатија, во мачен и жалосен безизлез.

Но, апокалиптичките пророштва не се само кобни пророштва. Не! Иако тие носат порака за тотален мрак, за обезличен свет и обезличени луѓе, за амбис и пропаст за милиони, за финален фатален крај зад кој не постои нов почеток, порака за безнадежно, гламносано време, кога “луѓето ќе умираат од страв очекувајќи го она што ќе го снајде светот” - сепак, тие едновремено носат и порака за силно надежно време, порака за излез или за тунел кој најцрниот мрак и пеколниот безизлез ги поврзува со силна блескотна светлина пред која исчезнуваат и заминуваат во вечен заборав и неврат и најстрашните зла, грозомори и стравотии низ кои поминувале и ги преживувале луѓето на овој наш стар и изнамачен свет, и сите непогоди и катаклизми, кои тотално ќе го изменат ликот на нашата планета и кои, сите заедно, споредени и мерени со славата, со предимствата и благодатите на новото време - не ќе бидат вредни ниту да се споменат.

Почитувани, Бог ни упатува порака со која нe повикува и ни дава можност да бидеме не страчки кои летаат ниско и се задржуваат по буништа, туку орли, можност да се издигнеме високо над страшниот виор на луњите на “последните денови” што ќе беснеат на нашиот свет; предвидел, како што рековме, излез, тунел, низ кој ќе поминеме и ќе го пречекориме прагот на новиот свет, прагот на вечноста и вечниот живот, чиишто мугри се веќе на повидок и чијашто зора веќе рудее и се обидува да нe допре и да нe гали со своите милни зраци. Да, отаде тунелот е нешто од што срцето препукнува од радост, нешто “што око не видело, што уво не чуло и што во човечко срце не дошло” - нешто што “Бог го подготви за оние кои го љубат” (1. Коринќаните 2,9). - Тоа нешто е живот со почеток, но со нов почеток, а без крај; тоа е нов, вечен живот за оние што сакаат вечен живот и што се приготвуваат за него. За нив Бог предвидел тунел, излез од последната тотална криза, од последните силни зла низ кои ќе поминува светот и премин во Божјето царство за кое обилно пишува Божјата реч и за кое ќе зборуваме повеќе во оваа книга.

Наша радост и големо задоволство ќе е ако нашите читатели навистина ова наше време го препознаат како “последно време”, како “последни денови”, но и како свое време и шанса навреме да се престројат и да застанат - не на погрешната, туку на вистинската страна - под Божјето знаме.

Според библиските пророштва, пред нас се морничави, монструозни денови, денови обременети со страшни апокалиптички знаменија, време придружено со најразлични и чести катастрофи од редот на големините “еднаш во сто години”, а можеби и “еднаш во илјада години”. Најголемата досегашна катаклизма, наречена “потоп”, ќе биде надмината и фрлена во заборав од друга голема, и од сите најголема и најстрашна катаклизма пред која ќе исчезне сe што создала човечка рака, и која со својата јарост од темел ќе го измени ликот на нашата планета, а за која ќе стане збор подоцна.

Виорот што наскоро ќе нe зафати ќе покаже и ќе открие дека столбовите врз кои се потпирала и темелела нашата верска припадност и нашата вера што сме ја наследиле од нашите татковци и дедовци всушност не се никаква гаранција ниту столбови кои можат да ни помогнат да останеме на нозе пред налетите на тие виулици, туку скршена трска врз која, ако и понатаму се потпираме - ќе се распориме.

Безнадежно време, мрак и пропаст за едни, за оние кои неподготвени, без никаква котва на зовриеното море, изложени на ветрометот на настаните и надвор од секое засолниште, директно, незаштитени, се соочуваат и паѓаат на острицата на последните страшни сцени на кои стануваат плева која ќе ја оддуваат ветриштата во заборав и неврат; и, како што кажавме, силно надежно, славно и најславно време за други, мугра на вечна зора и светла иднина за оние кои навреме ќе застанат под Божјето знаме, под знамето на Михаел (Христос), кој ќе стане да ги заштити, да им обезбеди сигурно засолниште од споулавените стихии кои ќе срушат и срамнат сe со земјата.

Големите физички и морални страдања, низ кои поминуваат милијарди луѓе во светот, бараат објаснение. Зошто сето тоа? Ако Бог е толку моќен, силен, како што читаме во Библијата, ако Тој е наш татко и ако навистина толку нe милее, што го дал и својот единороден Син да умре за нас, зошто тогаш не им дава друг ток на свирепите настани со кои мора да се соочи човештвото и не ја пренасочи таа толку груба завршница кон нешто помирно, поспокојно и посреќно? Зошто, зошто, зошто? - постојано се прашуваат сите луѓе на светот и бараат одговор. Што ќе однесе виорот во неврат, а што ќе остане зад него? Што потоа?

Тоа се прашања на кои ќе се обидеме да дадеме библиски одговор откако поподробно ќе ги опишеме апокалиптичките пророштва врзани за “последните денови”.

 

Наведуваме дел од содржината ка книгата:

ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ: “Ќе има големи земјотреси!” * Оган, вулкани! * И водите во сојуз, во спрега со земјотресите и вулканите против човештвото * “Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите... небесните сили ќе се разнишаат” * “На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови” * Војни * “Ќе има глад” * “Помори” * Сексуална изопаченост - перверзен секс * Убавината на вистинскиот, од Бога даден секс * КАДЕ Е БОГ КОГА НЕВИНИ СТРАДААТ? * Што го присилува Бога да дозволи да страдаат невини луѓе? * ГЕНЕЗАТА И ПОДЕМОТ НА ГРЕВОТ * Малку повеќе за Луцифера? * Зошто Бог не го уништил веднаш Луцифера? * Војна на небото * Нашата планета - зафатена од пожарот на гревот * БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО * Проверка на “светоста” на “Светото предание” * Христос и преданијата * За христијанскиот политеизам * За христијанското монаштво * БОЖЈИОТ ЗАКОН И ДВАТА ЗАВЕТА * НА НЕБОТО ИМАМЕ НЕБЕСНО СВЕТИЛИШТЕ, НЕБЕСЕН ХРАМ * Библијата за небесниот истражен суд * ГРЕВОВИТЕ ДА СЕ ИСПОВЕДААТ САМО ПРЕД БОГА - НЕ ВО ИСПОВЕДАЛНА ПРЕД УВОТО НА СМРТЕН СВЕШТЕНИК! * БИБЛИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПОСРЕДНИЦИ МЕЃУ БОГА И ГРЕШНИЦИТЕ * За посредниците што ги пратила црквата на небото * Денешните свештеници како посредници меѓу Бога и грешниците * Христос е брилијантен Спасител кој поинаку им ги проштава гревовите на грешниците * Власта што сами си ја присвоиле земните свештеници * Свештенството со векови грубо ја злоупотребувало власта до која се добрало во текот на историјата * Историјата на христијанската црква е премногу грда, мрачна и мачна, страшна и гнасна! * И историјата на Источната црква не е розова * КОНЕЧНА СУДБИНА НА ГРЕВОТ И ГРЕШНИЦИТЕ * Наближува крајот на небесниот истражен суд * Крајот на гревот и грешниците * БОЖЈИОТ ЗАКОН, ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ - УКИНАТИ!? * Синај не може да се прескокне со стап * Ослободени сме од проклетството на законот, а не од законот * Со свои очи ќе ги гледаме плочите со Десетте Божји заповеди на небото! * Христијанството на христијаните без Божјиот закон е разградена јурија * За сликите, иконите, киповите и другите идоли * За светите реликвии или мошти * БИБЛИЈАТА ЗА САБОТАТА * За теистичката еволуција на христијанството * Духовната димензија на саботниот ден * Саботата - еврејска!? * Саботата е Божји знак и Божји печат * Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела * Зошто Исус не воскреснал во саботата? * Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението * Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал * Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!? * ИСТОРИЈАТА ЗА НЕДЕЛАТА КАКО ПРАЗНИК * Историските патишта и факторите кои помогнале неделата да и го узурпира местото на саботата * Паганизмот го парчосал и скелетот на библиското христијанство, го протерал Христа од него и станал негова срцевина * Денешното христијанство е јалов историски хибрид без Христа и без библиска иднина * Источната црква ја почитувала саботата сe до големата шизма, и по неа * Христос празнувал сабота не како Евреин, туку како “Син човечки” * БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА * Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!? * Православието за пеколот * Католичката црква за чистилиштето и за пеколот * Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер? * Зборот пекол во Библијата * Христовата душа во пеколот!? * Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува? * ДВЕ СМРТИ И ДВЕ ВОСКРЕСЕНИЈА, И КОНЕЧЕН КРАЈ НА МРТВИТЕ * Прва смрт и прво воскресение * Второ воскресение и втора - конечна смрт * БИБЛИЈАТА ЗА СПИРИТИЗМОТ * Темелот на спиритизмот * Астрални патувања на душите на покојниците!? * Небото е вистинско место за луѓе со вистинско тело * Вистински и лажни чуда и како да се препознаат? * Повеќе за приказанијата на Марија (Богородица) * Високо технички спиритизам * Политиката во канџите на спиритизмот * БИБЛИЈАТА ЗА СВЕТИОТ ДУХ * ХРИСТОС Е ВЕЧЕН БОГ * Библијата за небесното Тројство * Христос е Јахве (Јехова) * Зошто христијаните не си ги мијат нозете еден на друг - кога тоа е Христова заповед? * Првите христијани и вечерата Господова * ЅВЕРОВИТЕ ВО БИБЛИЈАТА * Чесна жена и жена блудница * Библиски тандем меѓу најголемата световна и најголемата духовна сила * Нов светски поредок! Кој, кога, како и зошто ќе го воспостави? * Икона на ѕверот * Неделен закон и жиг на ѕверот * САБОТАТА - ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ - И КРАЈОТ Е БЛИЗУ! * БИБЛИСКИ АРМАГЕДОН * Седум последни зла * Коалицијата соголена, тандемот се распаѓа, спиритистичката архитектура - во парампарчиња * ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ * Царевите од исток * Библијата за милениумот * Новата земја и вечниот живот * Дојди, Господе Исусе!

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев