500ден.
(+поштарина)
 
Живот без стрес
Јулијан Мелгоса

Денешниот човек, повеќе од кога и да е порано, е соочен со купишта силни проблеми - финансиски, станбени, семејни, брачни, меѓучовечки, здравствени, деловни, и со какви ли не уште други тешкотии, под чијашто тежина му пукаат нервите и тој паѓа.

Авторот на книгата “Живот без стрес”, д-р Јулијан Мелгоса, високо стручно и научно, но на мошне едноставен, пристапен и достапен начин за секој човек, ни го објаснува во неа соодносот што треба да постои меѓу севкупните проблеми кои непрекратно не обременуваат и притискаат и начинот на кој треба да ги прифатиме и да се справиме со нив за успешно да ги разрешуваме и да останеме простум пред нивните секојдневни сурови и се посилни налети.

За вредноста на ова капитално здравствено дело сведочат неговите многубројни преводи и изданија на многу светски јазици: на англиски јазик 9 изданија, на шпански 9 изданија, на француски 5 изданија, на германски 2 изданија, на чешки 2 изданија, на словачки 2 изданија, на португалски 2 изданија, на српски 2 изданија, и по едно издание на италијански, романски, албански, хрватски и сега, еве, за првпат и на македонски јазик.

Уште еден податок за нашиот читател со радост и задоволство да ја прифати оваа книга на македонски јазик. Ова врвно и со непроценлива вредност светско дело на д-р Јулијан Мелгоса од областа на здравството, е дел на сетот “Нов животен стил” - пред се здравствени, но и воспитно педагошки дела на издавачката куќа Safeliz од Мадрид, продадени до сега во вкупен тираж од над еден и пол милион примероци.

 

Рецензија за македонското издание напиша проф. д-р Јовица Угриновски:

„Прва помисла кога го видов насловот на книгата ми беше колку би било убаво кога навистина би можеле да живееме без стрес. Но веднаш го отфрлив првичното воодушевување, зашто живот без стрес значи дека ништо околу нас и во нас не се менува, а животот без промени и без случувања не е живот. Токму тука е и поентата на книгата. Таа н е учи не како да живееме без стрес, туку како секојдневните стресови да ги искористиме и да ги претвориме во позитивен стрес. Со богати приме­ри опфатени се сите локации на стресот: стресот во семејството, на работа, во емотивните врски, во меѓучовечките релации... и тоа е дадено со објаснување и посо­чување на начинот со кој може да се отстрани негативното влијание на стресот, а сепак оставајќи доволно отворен простор за секој да може да го најде индивидуалниот пристап кон решавањето на стресните ситуации.

Топло ја препорачувам книгата на секој оној кој сака да ја збогати својата животна филозофија.“

Проф. д-р Јовица Угриновски

 

 

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев