Која Библија ја читаат адвентистите?

Ова прашање луѓето го поставуваат веројатно поради претходна претпоставка дека секоја црква си има своја Библија и тоа, според нив, е причина за постоење на толку различни цркви. Но, всушност, постои само една, единствена Библија.

Постојат, се разбира, различни преводи на Библијата. До сега таа е преведена на над 2000 јазици и дијалекти (во 1992 г. благодарение на МПЦ, го добивме и првиот превод на целокупната Библија на Македонски јазик).

Поради природата на преведувачката дејност и поради разликата на светските јазици во нивното богатство на изрази и зборови, невозможно е преводот (не само на Библијата, туку и на било која друга книга) стопроцентно да биде идентичен со оригиналот. Затоа постојат преводи кои важат за поквалитетни и преводи кои се помалку квалитетни, но сепак, тоа е една и иста Библија насекаде во светот.

Доколку сакате темелно да проучувате некоја тема од Библијата, секогаш е корисно, ако сте во можност, да користите неколку различни преводи за споредба.

ЗАБЕЛЕШКА:
Постојат бројни изданија на Библијата наменети за деца и млади. Тие се, обично богати со илустрации, а оригиналниот библиски текст во нив е прилагоден, прераскажан, објавен во скратена форма, за да биде поразбирлив за децата.
Значи, текстот во Библиите за деца и млади, не е автентичниот библиски текст и затоа тие Библии не се користат за темелно истражување, туку претставуваат почетен материјал за децата да ги осознаат основните поими за верата и за Бог.

 

САКАМ ДА ПРАШАМ...
Доколку имате некое свое прашање кое не е опфатено во содржините кои ви ги изнесуваме или пак за некое од нив би сакале поподробно објаснување, Ве молиме пополнете ги полињата подолу. Ќе се потрудиме во најкраток можен рок да ви одговориме.

вашето прашање:

е-mail:

 



Времето и знаците
Книга во која се разрешени бројни прашања и дилеми преку одговори исцрпени од Библијата како единствено вистинско мерило...
 
повеќе


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков