Повеќе:

Исхраната е фактор број еден од кој зависи нашето здравје. Милиони луѓе своите гробови ги ископале и ги копаат со своите лажици и вилушки. Јадат премногу, во секое време внесуваат во себе прекумерни калории, или пак конзумираат погрешна, нездрава храна - наместо поголеми количества свеж зеленчук и овошје и интегрална (најздрава), користат рафинирана храна, сувомсени и конзервирани производи полни со адитиви и конзерванси кои се отрови за нашиот организам.

Во зависност од физичките активности, нашиот организам има оптимални потреби од соодветно количество на квалитетна храна којашто може нормално да ја согори и да ги намири своите енергетски и сите други потреби. Сиот вишок на несогорена храна се пласти во организмот во вид на сало, со што ние се обременуваме со непотребен товар на телесна маса, се затвораме во своевидно тешко сопствено ропство на прекумерна телесна тежина која може да постигне неверојатни размери и до над 250 килограми, од која не може да не избави никаква диета, освен да се подложиме на не така лесен хируршки зафат, да ни го подврзат желудникот и поголемиот дел од него да ни го исклучат од натамошните дигестивни процеси, или пак со хируршки зафати да ни го вадат вишокот на напластеното сало од организмот.

Зголемениот вишок килограми телесна тежина е тешко бреме за организмот, особено за кардиоваскуларниот систем и општо за целокупното наше здравје. Стануваме тромави и депресивни, со загубен елан и со намалена виталност и животна мотивација - околности кои го нарушуваат здравјето.

Зошто да не бидеме секогаш, дури и во поодминатите години, витки, стројни, привлечни и лесни на нога, кога можеме да бидеме такви со малку труд и добра волја? Не е тешко да се постигне тоа. Потребна е реформа во исхраната и во животните навики. Каква? Апсолутна умереност кога користиме квалитетна и здрава храна и целосна апстиненција од онаа која е штетна за нашето здравје. За оваа цел ви ја препорачуваме книгата “Исхраната и здравјето” од д-р Роџер Памплона, во издание на Адвентистичката издавачка куќа “Знаци на времето” од Скопје, која зазема челно место на светската топ листа на книгите со ваква содржина. Рецензија за македонското издание напиша академик Жан Митрев.

Поголем дел од диетите, кои упорно и ласкаво ни се препорачуваат за брзо намалување на телесната тежина, заедно со телесната маса ги елиминираат од организмот и електролитите без кои нервниот систем не може нормално да ги извршува своите функции, оставајќи го зад себе нашето здравје во неволја.

Најдобра, најздрава и најефикасна метода за намалување на зголемената телесна тежина е оваа: Секогаш, пред да земете нешто да јадете, самите себеси прашајте се: “Дали е ова неопходно да го изедам или не”, и потоа постапете така како што ќе ви каже вашиот здрав ум.
Секако, секогаш ќе си кажеме себеси: Само два редовни оброка на ден: Обилен појадок и просечен ручек. Можеби и евентуално многу слаба вечера, но порано, не пред спиење. Никакво дополнително јадење и грицкање меѓу оброците. Никакви чипсови, ниту што и да е друго, додека седиме и гледаме ТВ.

Сите газирани и засладени напитоци ќе ги сведеме на минимум, а со текот на времето наполно ќе ги изоставиме. Ќе пиеме доволно количество обична, здрава вода, околу еден и пол литар на ден. Што подалеку од сите сувомесни и конзервирани производи, кои се полни со штетни адитиви и конзерванси. Нашите оброци треба да се состојат од здрава интегрална храна, обилна со свежи зеленчуци и овошје. За другите подробности во врска со исхраната и со другите реформи поврзани со нашето здравје - опширно во посочената книга.

Не помалку од исхраната нашето здравје го загрозува и секојдневниот силен порој од стресни животни ситуации кои постојано ни ги затегнуваат и ни ги кинат нервите. Како да се справиме со нив и како да им преодолееме и да се заштитиме од нивниот отров? Како да ги амортизираме и да опстанеме и преживееме од ураганските удари на страшната современа животна динамика која секојдневно не меле и за која нашиот организам не е програмиран? Каква реформа треба да спроведеме на ова поле за да го заштитиме нашето здравје кое се наоѓа во екстремна опасност? Како одговор на овие, а и на безброј други прашања од оваа област, ви ја препорачуваме книгата “Живот без стрес” од д-р Јулијан Мелгоса, со исти прерогативи како и претходната книга. За неа рецензија напиша проф. Јовица Угриновски.

Почитувани, двете посочени книги сигурно ќе создадат кај вас волја и желба и навистина ќе ви помогнат, без поголеми напори и тешкотии штетните животни навики, кои го нарушуваат вашето здравје, да ги ставите под контрола и целосно да го реформирате целокупниот свој живот, поставувајќи со тоа темел за добро здравје кое обезбедува среќен живот и убава иднина.

 

Ви препорачуваме

Живот без стрес
Извонредно корисна книга која ќе ви помогне да се справите...
 
повеќе


НАСКОРО!
Исхраната и здравјето
Откријте ја улогата на исхраната во вашето здравје...
 
повеќе


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев