АДРА (Adventist Development and Relief Agency International) е независна хуманитарна организација основана во 1984 година од Црквата на адвентистите на седмиот ден за специфични потреби на луѓето и општеството - за развој и помош при несреќи.
Делувајќи во повеќе од 120 земји, АДРА е една од најефикасните агенции за помош која работи со административни трошоци од околу 10%, а им помага на повеќе од 15 милиони луѓе годишно со помош во вредост поголема од 105 милиони долари (податок од 2002 год.)

АДРА во својата работа за развој и помош покрива пет главни области:
обезбедување храна,
економски развој,
основна здравствена заштита,
подготвување и помош при несреќи, и
основно образование.

Работата на АДРА не се состои само во давање помош, туку и во изнаоѓање решенија и обука на луѓето за подобрување на нивниот живот. Вреднувајќи го достоинството кое го има секое човечко суштество, АДРА е посветена на подобрување на квалитетот на животот на луѓето без разлика на нивната етничка, политичка или верска припадност. Да се помогне на луѓето во неволја е примарна цел, посебно на оние најранливите - жените, децата и старите лица.

Советот за економски и социјални прашања при Обединетите Нации, во 1997 година и додели на АДРА статус на општ советник.

МИСИЈАТА НА АДРА
ОТСЈАЈУВАЊЕ
на Божјиот карактер преку хуманитарната работа и развојните активности.
АКТИВНА ПОДДРШКА
на заедниците кои се во потреба, преку планирани активности за развој остварени во соработка со луѓето.
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
на асистенција во ситуации на криза или перманентна сиромаштија и работење на долгорочни решенија со засегнатите.
РАБОТА
во правично партнерство со оние кои се во неволја за постигнување позитивна и одржлива промена во општеството.
ИЗГРАДБА
на врски кои би ги зголемиле капацитетите на домородното население, соодветна технологија и вештини на сите нивоа.
РАЗВОЈ
и одржување на односи со нашите партнери кои обезбедуваат ефективни канали за меѓусебен раст и акција.
ПРОМОВИРАЊЕ
и пораст на правичното учество на жените во процесот на развој.
ЗАСТАПУВАЊЕ
и асистенција за зголемена вклученост на општествените капацитети во грижата и одговорното располагање со природните ресурси на нивната животна средина.
ОЛЕСНУВАЊЕ
на правото и способноста на сите деца да го достигнат својот целосен потенцијал и асистенција во осигурување на опстанокот на децата за постигнување на тој потенцијал.

 

АДРА - Македонија

АДРА има свој огранок и во Република Македонија.
Еве некои од минатите проекти:

Примање и пренесување на пакети со храна кои нашите граѓани ги испраќаа за своите роднини и пријатели во Сараево во текот на војната (постоеше период кога само камионите на АДРА беа пропуштани да поминат низ бројните барикади на патот поставени од завојуваните страни).

Активности околу згрижувањето на косовските бегалци во Македонија во 2001 година
Над 200 тони хуманитарна помош во вид на:
- шатори,
- пакети со храна,
- пакети со хигиенски артикли.


Проекти во Шуто Оризари, Скопје и социјалните установи во РМ.
Вкупно над 50.000 разновидни пакети:
- пакети со храна,
- пакети со хигиенски артикли,
- пакети со облека,
- пакети со училишен прибор

 

Реконструкција на централното греење во домот за лица посебни потреби во Демир Хисар

Реконструкција на оштетените куќи (III и IV категорија) во Тетовско, после воениот конфликт во 2001 год.
Вкупно околу 250 куќи во следните села:

- Једоарце,
- Отуње,
- Сетоле,
- Џепчиште,
- Порој и
- Ѓермо.

Проекти „Деца за деца“ - новогодишни пакети за децата во Македонија од децата во Германија (три години по 2000-2500 пакети)

 

 

 

 

Помош за децата од домот 11 Октомври, Скопје...

 

 

 

 

 



Кон сајтот на ADRA international

 

ПОМОГНИ НА БЛИЖНИТЕ!

Бидете спонзор на проектите на
АДРА - Македонија
и помогнете на луѓето околу Вас, на нашите сограѓани кои се во неволја!
 
повеќе

 

Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев