|
|
Адвентистите на седмиот ден се познати како луѓе кои светот го збогатиле со извонредно значајни идеи и богати сознанија за реформа на сите подрачја од животот, особено на подрачјето на исхраната и здравјето.
Уште во 19 век адвентистите дале голем придонес современата медицина да излезе од своите повои и пелени и со крупни чекори да крене напред. Како што рековме, уште тогаш, кога на полето на медицината владеела вистинска конфузија, кога болничките соби биле херметички затворани заради тоа што сметале дека свежиот ноќен воздух му штети на здравјето, кога луѓето се плашеле од сончевата светлина и од свежиот зеленчук (дека е отровен), кога болните повеќе умирале од споменатите отрови кои биле нарекувани лекови и од погрешна терапија - тогаш адвентистите истапиле со револуционерни идеи за корени промени и реформи и во исхраната и во лекувањето, внесувајќи светлина во заблудите и незнаењето на своето време и целосно заменувајќи ги споменатите отрови како лекови со рационални, природни лекови.
Дополнителни информации за адвентистите како реформатори - во рубриката „повеќе”
|
|
Ви препорачуваме |
|
|
|
|