|
|
Изборот на црквеното лого ги одразува суштествените вредности на кои адвентистите на седмиот ден им се посветени. Основата е Библијата, Зборот Божји, прикажана во отворена положба бидејќи нејзината порака мора да се прочита и спроведе во дело. Центарот на библиската порака е крстот, а исто така и на нашето лого. Над Крстот и отворената Библија гори пламенот на Светиот Дух, весникот на Вистината.
Наша надеж и молитва е, иако ова лого е едноставна слика на основите на адвентистичките верувања, тоа да биде препознатлив симбол на адвентистичката порака до светот.
Линиите на врвот од дизајнот претставуваат континуираното нагорно движење симболизирајќи го воскеснувањето и вознесението на праведните при второто Христово доаѓање, крајната цел на нашата вера.
Отворена Библија Библијата ја сочинува основата на дизајнот и ја претставува библиската основа на нашите верувања. Таа е претставена во целосно отворена положба со што сака да се претстави целосното прифаќање на Божјиот збор.
Пламенот
Ова е облик формиран од три ленти кои ја опкружуваат Земјата. Лентите ги претставуваат трите ангели од Откровението 14 глава како кружат околу Земјата, и нашата цел да го однесеме евангелието на целиот свет. Заедничката форма создава пламен кој е симболика на Светиот Дух.
Крстот Симболот на крстот, кој ја претставува Радосната вест за спасението, е поставен во средината на дизајнот за да ја нагласи Христовата жртва, која е централна тема на нашата вера.
|
|
Ви препорачуваме |
|
|
|
|