Во последно време често слушаме и читаме за зборот реформа: економска реформа, реформа во здравството, во судството, во образованието, во одбраната и за какви ли не уште други општествени реформи.

Реформа, што подразбира промена, е потребна таму каде што нешто очигледно не оди добро, не напредува, каде што нешто кочи, нешто скршнало и се оддалечило од нормалното, од предвиденото, планираното и зацртаното и оди во погрешна насока со лоши последици.

Главно се зборува за општествени реформи кои, ако се спроведат успешно, во голема мера ни го олеснуваат животот. Но поголема од сите реформи, што треба да ја спроведе секој од нас лично, е реформата поврзана со најважното животно прашање, со нашето здравје како наше најголемо богатство, зашто ако го загубиме него, сме загубиле се.
Ние не можеме да го реформираме светот и да ги измениме штетните навики на другите луѓе и на средината во која живееме, но можеме да го реформираме нашиот живот и да ги измениме нашите штетни навики кои го загрозуваат нашето здравје.

Ако сакаме да уживаме добро здравје, мораме да го префигурираме целокупниот наш живот, да спроведеме лична реформа во севкупниот начин на нашето живеење - реформа во исхраната, во облекувањето, во физичката и менталната хигиена, во начинот на нашето живеење и однесување и општо во режимот на сите наши активности. Факт е дека денес, во ова наше зајазлено, бремено време, ние погрешно живееме и погрешно се храниме, и затоа нашето здравје во голема мера е загрозено.

Поопширно за здравствената реформа во рубриката „повеќе”.

 

Ви препорачуваме

Живот без стрес
Извонредно корисна книга која ќе ви помогне да се справите...
 
повеќе


НАСКОРО!
Исхраната и здравјето
Откријте ја улогата на исхраната во вашето здравје...
 
повеќе


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев