По што се разликуваат адвентистите од другите христијани? Постојат повеќе разлики, во зависност од тоа со која друга христијанска црква правите споредба, но, накратко кажано, разликата е во тоа што адвентистите како единствен темел и мерило за верата ја земаат Библијата: „Таа е мерило на карактерот, проверка на искуството, авторитетен толкувач на доктрината и веродостоен извештај за Божјите дела во историјата“ (од основните вистини на Адв. црква). „Целото писмо (Библијата) е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за поправање и за воспитување во правдата...“ „Посвети ги со својата вистина, Твоето слово (Боже) е вистината“ (Јован 17,17). „Твоето слово (Боже) е светилник на нозете мои и и светлина за патеката моја...“ (Псалм 119,105) За разлика од адвентистите, некои христијански цркви покрај Библијата имаат и низа други книги на кои им придаваат исто, или дури и поголемо значење: црковни традиции, преданија, житија и др. Исто така, некои на ниво на Библијата ги издигнуваат одлуките на црковните собори или пак изјавите и учењата на одредени црковни авторитети - великодостојници или поглавари. Во многу случаи таквите „додатни извори на вистина“ се во контрадикторност со јасните учењата на Библијата. Од тоа произлегле низа обреди, обичаи и верувања кои немаат своја основа во христијанството, онакво какво што го проповедал Исус Христос. Никаде во Библијата не е забележано дека Тој или неговите апостоли верувале, ги учеле другите или пак земале учество во одредени обреди, обичаи или учења вообичаени за некои христијански цркви денес. Постојат и други (претежно протестантските цркви) кои исто така тврдат дека за свое единствено мерило на верата ја земаат Библијата. Но, во нивните учења се уште постојат небиблиски примеси кои низ вековите навлегле во христијанството. (повеќе во целината „Историјат“)
|
|
Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев |