Александра Арсовска
Растев со Исус

Моето име е Александра Арсовска, живеам во Велес, имам 18 години. Учам во У.С.О. „Димитрија Чуповски“ во 4 клас како хемиски технолошки техничар.

За прв пат дојдов во контакт со Библијата и со Бога кога имав 10 години, и бев 4 одделение. Бев многу мала, но доволно голема да ја разберам големата Божја љубов. Моите родители заедно со мојот брат ме однесоа за прв пат во Адвентистичката црква. Таму почувстував голема радост, посебно кога се пееја христијански песни. Го почувстував Божјето присуство. Тоа беше петок, следниот ден т.е. саботата наутро отидовме повторно во црква. Сега присуствував и на саботната школа, бев во детското одделение и сите ме примија со љубов. Истото го доживеаја и моите родители.

Помина една година и јас, заедно со моето семејство ги почитувавме начелата кои Бог ги оставил за луѓето. Тоа доведе до одлука моите родители и брат ми да направат завет со Бога. Тие се крстија, но јас не можев да го сторам тоа зашто бев се уште мала.
Многу посакував да го почувствувам тоа наново раѓање. Тоа ми беше цел во наредните три години. За тоа време ми се случија многу радости: од детско одделение во црквата ме примија кај возрасните, се крсти мојата најдобра другарка Сања која беше постара од мене 1 година, се крстија многу наши пријатели. Бев многу среќна што имав прилика да му служам на Бога. Јас по природа сум многу темпераментна личност и од секогаш бев весела, но сега бев исполнета, исполнета зашто растев со Исус.

Завршив основно училиште и дојде денот 14.07.2001 година, кога склучив завет со Бога, кога ветив пред цело мноштво и пред Бога дека му го предавам животот и дека ќе му служам. Тој ден никогаш нема да го заборавам, зашто тогаш го почувствував долгоочекуваното наново раѓање. Од тогаш активно служам во Божјата црква, во богослуженијата, среќна сум повеќе од кога и да е.

Сега завршувам средно образование и доаѓа време кога треба да се одлучам што понатаму... Моја желба е да се запишам на студии по адвентистичка теологија. Се молам Бог да ми помогне и да ме води како и досега. Знам дека ќе успеам, зашто сметам дека на тој начин ќе можам да го дадам најдоброто од себе.

Во сиот мој живот ме прати Библискиот стих запишан во книгата Проповедник 11,9: „Затоа радувај се младецу, за време на својата младост, и весели се во деновите на својата младост; оди по патиштата на своето срце и следи ги желбите на своите очи; но знај дека Бог ќе ти суди за се тоа.“

Мене ме проникнува Божјата љубов. Тој е мој Спасител. Тоа им го посакувам и на другите. Да ја почувстуваат бескрајната љубов која светли од крстот на Голгота.

 

 

Утре читајте:
Александра Арсовска
Растев со Исус

По природа сум многу темпераментна личност и од секогаш бев весела, но сега бев исполнета, исполнета зашто растев со Исус…

 

Моето лично искуство
Доколку сте адвентист/ка испратете ни го Вашето искуство и збогатете ја нашате рубрика.
isprati


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев