500ден.
(+поштарина)
 
Исхраната и здравјето
д-р Роџер Памплона

„Исхраната и здравјето“ е до сега најквалитетна печатена книга во светски рамки со содржина која ве запознава со најновите сознанија од областа на исхраната и здравјето. Без сомнение, тоа е топ тема насекаде во светот, зашто се работи за најголемото богатство што го поседува и што треба да го поседува секој човек, богатство што не може да се надомести ниту да се замени со ниту едно друго богатство. Тоа е здравјето.

Денес, повеќе од кога и да е порано, здравјето на човекот е загрозено од сите страни. И бидејќи оваа тема е толку актуелна и горлива, за неа се напишани и секој ден се пишуваат мноштво нови книги и списанија, така што човек е во дилема кога треба да го одбере најдоброто меѓу нив.

Авторот на ова извонредно, капитално дело, д-р Роџер Памплона, е врвно остручен човек за таа област, кој на едно место зналечки ни го дава токму најдоброто, ни дава комплетни, научно потврдени информации и сознанија за исхраната како темел на нашето здравје на мошне едноставен, достапен и прифатлив начин за секој човек.

За вредноста на оваа книга сведочат нејзините многубројни преводи и изданија на многу светски јазици: на англиски јазик 9 изданија, на шпански 7 изданија, на француски 4 изданија, на германски 2 изданија, на романски 2 изданија, на чешки 2 изданија, на словачки 2 изданија, на португалски 2 изданија, на српски 2 изданија, и по едно издание на бугарски, унгарски, арапски, италијански, каталонски, турски, албански, хрватски, фарси (јазик на кој се зборува во Иран), и сега, еве, за првпат и на македонски јазик.

Уште еден податок за нашиот читател со радост и задоволство да ја прифати оваа книга на македонски јазик. Ова врвно и со непроценлива вредност светско дело на д-р Роџер Памплона, од областа на исхраната и здравјето, е дел на сетот “Нов животен стил” - пред сe здравствени, но и воспитно педагошки дела на издавачката куќа Safeliz од Мадрид, продадени до сега во вкупен тираж од над еден и пол милион примероци.

 

Рецензија за македонското издание напиша академик д-р Жан Митрев:

Студиозниот пристап на авторот кон неправилната исхрана ги покажува пропустите и недостатоците од внесување на градивните, енергетските и заштитните материи неопходни за добро здравје на современиот човек кој често, многу повеќе од порано, живее во стресни ситуации, употребува разни средства за стимулација и неправилно се исхранува. Преголемата и секојдневна употреба на анимални протеини и липиди ја зголемува можноста од појавување на кардиоваскуларни и цереброваскуларни болести и тумори.

Авторот со факти ни ја покажува предноста од употреба на разновидна, избалансирана вегетаријанска исхрана која е богата со лесно сварливи белковини, витамини, олигоелементи, растителни влакна и други материи кои се неопходни за човекот кој поголемиот дел од денот и животот го поминува во зголемена психичка напрегнатост и намалена физичка активност, или пак се храни со рафинирана, индустриска храна, богата со анимални липиди и со бел рафиниран шеќер.

Ја препорачувам оваа книга, „Исхраната и здравјето“, затоа што таа е корисна како прирачник и потсетник за секого кој сака да се исхранува правилно за да го намали ризикот од кардиоваскуларни и малигни заболувања.

Академик д-р Жан Митрев

 

 

 

 

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев