|
|
Како што ќе забележите и во другите содржини на сајтот, адвентистите го празнуваат библискиот ден за одмор, седмиот ден - сабота. Но, има уште нешто што е значајно, а е поврзано со почитувањето на четвртата Божја заповед - тоа е библиското сметање на времето.
Имено, според Библијата, денот трае од зајдисонце до зајдисонце: "и би вечер и би утро - прв ден..." (1 Книга Мојсеева 1,5; 1,8; 1,13...).
Се разбира, сите ние го користиме современиот начин на сметање на времето - 24 часовно деноноќие, точно мерено од најразновидните часовници. Но, кога е во прашање празнувањето на Божјиот ден за одмор, како што не учи Библијата, важи сметањето од зајдисонце до зајдисонце.
Значи, со заоѓање на сонцето во петок почнува денот за одмор и трае се до заоѓањето на сонцето во сабота вечер. Тоа е причината зошто адвентистите обрнуваат внимание на заоѓањето на сонцето.
Табели за заоѓање на сонцето во Македонија
|
|
Ви препорачуваме |
|
|
|
|