Борислав Глигоровски
Чичко ми од Ѓокдере маало

Се викам Борислав Глигоровски. Јас сум столар, живеам во Скопје и имам 70 години. Оженет сум имам два сина кои имаат свои семејства. Роден сум во Прилеп.
Во 50-тите години, на 17-18 годишна возраст, покрај столарскиот занает, бев активен свирач во плех-оркестар. Свирење и играње - тоа беше најважно во мојот живот.

Како за прв пат дојдовте во контакт со Библијата?
Прв пат со Библијата се сретнав едно сончево неделно утро.
Таа ноќ убаво се бев наспал. Станав и отидов во дневната соба. Немаше никој, но на масата видов необична глетка: тегла со мед и три мали книги. На едната од нив пишуваше „Библија“.
Мајка ми го метеше дворот. Истрчав надвор и ја прашав:
„Какви се овие книги на масата?“
„Не е твоја работа!“ - рече таа.
„Што е ова, кој ли и ги дал овие книги?“ - си помислив.
Многу ме заинтересира па почнав да ги читам книгите. Но, залудно - ништо не можев да разберам. Мајка ми ме гледаше како одново и одново се обидувам, и после некој ден ме праша:
„Разбираш ли што читаш?“
„Ништо не разбирам.“ - реков.
„Имаш чичко во Ѓокдере маало, тој се вика Атанас и жена му Спасија. Појди кај нив, тој ќе ти објасни".
Тогаш за прв пат дознав дека имам чичко. Имено, секогаш кога тие ќе дошле на гости во нашиот дом, нас децата нe бркале на улица за да немаме контакт со нив, за случајно некој од нас да не чуе за нивната „чудна вера“.
Бидејќи разбрав дека во црква одат во сабота, следната сабота рано наутро се облеков ги зедов сите три книги и појдов кај чичко ми во Ѓокдере маало. Ги најдов на богослужба. Таму ги запознав чичко ми и стрина ми, кои претходно ги немав никогаш видено.

Што беше тоа што Ве привлече?
Што е тоа што ме привлече? Тие Библијата ја читаа и ми зборуваа за Бог со вера каква што немав видено порано. Немаше никакво колебање во тоа што го кажуваа.

Што би им порачале на своите сограѓани?
Секој што сака да биде христијанин нека ја чита Библијата сам за себе. Нека ја чита со вера. Посебно им ја препорачувам да ја читаат книгата „Делата на апостолите“, затоа што во неа е опишан животот на првите христијани.
Нека читаат за да дознаат како тие живееле, работеле и што верувале. Доколку тоа им се допадне нека го прифатат. Мене ме одушеви и ме исполни со надеж и верба.

 

 

Утре читајте:
Слободанка Тасевска
Израснав во адвенти-
стичко семејство

Израснав во адвентистичко семејство меѓу извонредно добри и вистински верници христијани, слушајќи и учејќи од Библијата библиска наука од Бога и за Бога која ми стана убава и мила и која целосно ме обзеде и проникна.

 

Моето лично искуство
Доколку сте адвентист/ка испратете ни го Вашето искуство и збогатете ја нашате рубрика.
isprati


Смисла и цел во животот
"...иако имавме доволно пари, одевеме на забави, на годишни одмори, имавме доста пријатели, сепак не бевме среќни..." (повеќе)

„Мала пажња!“
"......во соседната соба најдов плакат за некакви археолошко-библиски предавања во Дом на АРМ од Питер Роенфилд. Го разгледав, но бидејки тоа беше собата на еден студент со кој тогаш се бевме нешто замериле, ми беше непријатно да го земам. Си отидов во мојата соба, но мислите ми беа кај плакатот. Не поминаа неколку минути и на вратата се појави тој со плакатот во раката, ми го подаде и со израз кој покажуваше желба да се смириме, ми рече: “Мала пажња!”." (повеќе)

Дали постои Бог?
"......не се работеше за тоа дека нешто ме привлече, туку мојот интерес за прашањето: „дали постои Бог?“. Отсекогаш ме мачеше таа мисла..." (повеќе)

„Одговорите доаѓаа по логичен ред“
"...Страниците од Библијата ми ја гаснеа жедта, зошто одговорите на дотогаш стотици поставени прашања во животот, доаѓаа по логичен ред" (повеќе)

 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков