Изборот на црквеното лого ги одразува суштествените вредности на кои адвентистите на седмиот ден им се посветени. Основата е Библијата, Зборот Божји, прикажана во отворена положба бидејќи нејзината порака мора да се прочита и спроведе во дело. Центарот на библиската порака е крстот, а исто така и на нашето лого. Над Крстот и отворената Библија гори пламенот на Светиот Дух, весникот на Вистината.

Наша надеж и молитва е, иако ова лого е едноставна слика на основите на адвентистичките верувања, тоа да биде препознатлив симбол на адвентистичката порака до светот.


  1. Линиите на врвот од дизајнот претставуваат континуираното нагорно движење симболизирајќи го воскеснувањето и вознесението на праведните при второто Христово доаѓање, крајната цел на нашата вера.

  2. Отворена Библија
    Библијата ја сочинува основата на дизајнот и ја претставува библиската основа на нашите верувања. Таа е претставена во целосно отворена положба со што сака да се претстави целосното прифаќање на Божјиот збор.

  3. Пламенот
    Ова е облик формиран од три ленти кои ја опкружуваат Земјата. Лентите ги претставуваат трите ангели од Откровението 14 глава како кружат околу Земјата, и нашата цел да го однесеме евангелието на целиот свет. Заедничката форма создава пламен кој е симболика на Светиот Дух.

  4. Крстот
    Симболот на крстот, кој ја претставува Радосната вест за спасението, е поставен во средината на дизајнот за да ја нагласи Христовата жртва, која е централна тема на нашата вера.

 

Ви препорачуваме

Библијата - времеплов во иднината
Малечка брошура од 36 страници која зборува за Библијата како пророчка книга која го предводи времето и настаните во него...
 
повеќе


Денот кога ќе исчезне злото
Клифорд Голдштајн, христијанин од еврејско потекло... исцрпно и документирано ни го опишува грдото лице на злото што го претрпеле безброј христијани....
 
повеќе


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков