Дејанчо Алексовски
Право на вечен живот

Се викам Дејанчо Алексовски, живеам во Скопје, имам 29 години, оженет. Работам како градежник, повремено како таксист и друго.

Како за прв пат дојдовте во контакт со Библијата?
Во својата 18-та година дознав дека мојот братучед припаѓа на некојa црква за која се зборуваа лоши работи... Се заинтересирав.

По некое време отидов со него во таа црква да видам што е тоа. Беше сосема поинаку од она што го чув. Луѓе секојдневни: мажи, жени, стари, млади, деца... ја проучуваа Библијата на разбирлив начин, пееја песни со христијански содржини... Многу ми се допадна! Таму за првпат се сретнав со книгата „Современиот човек и Библијата“ а потоа и со самата Библија. Она што ми го зема здивот беше правото на вечен живот кое го има секој човек преку смрта на Исус Христос.

Зошто баш адвентистичката, а не некоја друга црква?
Во еден период на почетокот бев многу збунет, иако одев во Адвентистичката црква. Една вечер одлучив да се молам и посакав Бог да ме одведе во Неговата црква, таму каде што е вистината. Дилемата ми беше меѓу Адвентистичката црква и Јеховините сведоци.

Тоа утро збунет, стоев на автобуска и се колебав во кој правец да тргнам. Иако често одев во Адвентистичка црква тогаш одлучив да одам во Радишани (во тоа време беше центарот на Јеховините сведоци). Стоев на автобуската и нешто ми зборуваше дека грешам. Чекав цели три часа. Беше чудно што толку долго нема автобус број 57. Откако се распрашав за проблемот, одговорните луѓе ми рекоа дека и самите не знаат што се случило тоа утро и зошто тие автобуси баш тоа утро останале во дефект. И покрај своето долгогодишно искуство не знаеа да ми одговорат.

Се вратив дома измачуван од колебањата кои ми се испреплетуваа во мислите. Одлучив за одговор да го прашам директно Бог. Го молев за помош во одлуката и ја читав Библијата интензивно цели 2 дена. Се разбира, јас претходно веќе подолг период ја проучував и имав стекнато солидно знаење, но сега мозаикот се склопуваше. Божјата мудрост, планот за спасението, Божјиот закон, Тројството, целовитоста на Библијата... се си доаѓаше на свое место, а јас се уцврстував во мојата одлука за Христијанската адвентистичка црква. Се исполнив со сигурност, радост, спокојство, надеж. Бев радосен заради познавањето на иднината преку библиските пророштва. Ја пронајдов смислата на животот - знаеш зошто си, од каде си, и каде одиш.

Што би сакале да им порачате на вашите сограѓани?
Сите се окупирани со животни активности и трка за опстанок. Малкумина се прашуваат за самите себе, за начинот на живот, каков е Божјиот план со нив, од каде се, каде одат.

Ако се уште некого го мачи прашањето, кој е, што е, од каде е, каде оди... најтопло ви ја препорачувам Библијата и адвентистичката црква која ќе ви помогне да проникнете во нејзините вистини.

 

 

Утре читајте:
Миле Живков
Библија во Австралија

читајќи ја Библијата од една страна и споредувајќи го прочитаното со дневниот печат и вестите на телевизија, бев воодушевен од сознанието дека сето тоа запишано толку одамна се исполнува пред моите очи.

 

Моето лично искуство
Доколку сте адвентист/ка испратете ни го Вашето искуство и збогатете ја нашате рубрика.
isprati


„кој ја извршува Божјата волја останува довека!“
"...Често се гледавме и разговаравме за нашата вера во Бог. По кратко време почнавме заедно да ја посетуваме адвентистичката црква. Увидовме дека учењата на црквата се во потполна согласност со она што го читавме во Библијата..." (повеќе)

„Одговорите доаѓаа по логичен ред“
"...Страниците од Библијата ми ја гаснеа жедта, зошто одговорите на дотогаш стотици поставени прашања во животот, доаѓаа по логичен ред" (повеќе)

Искусете го Бога
"...Што подолго сте со Бога се повеќе го запознавате и се повеќе сте уверени дека сте на вистински пат. Сликата за Бога, која Тој самиот ми ја открива уште од почетокот на моето искуство, проучувајќи ја Библијата, станува се појасна и побогата. Ова е, би рекол, круцијално за еден христов следбеник" (повеќе)

„Впечатливо се сеќавам на една слика“
"...Најверојатно постојат повеќе фактори кои влијаеле на моите понатамошни одлуки, но, впечатливо се сеќавам на една слика. На сликата беше претставен Исус и две деца околу него. „Ова е Исус, тој и тебе многу те сака..." (повеќе)

 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков