300ден.
(+поштарина)
 
Апокалипса-Откровение
Д-р Марвин Максвел

Почитувани, дали некогаш сте ја читале библиската книга “Апокалипса” или “Откровение”, поместена на крајот од канонските книги на Библијата?

Др Марвин Максвел, теолог и професор по црковна историја на “Универзитетот Ендрус” во Мичиген, внимателно ги протолкувал пророштвата на Апокалипсата и одговорил на прашањата кои денес стануваат сe поактуелни.

Откровението е книга со длабока уметничка вредност, божествено инспирирана и со љубов напишана. Таа е најбогат извор на библиски пророштва кои читателот без здив го водат низ историјата на вековите, почнувајќи од ранохристијанскиот период па сe до прагот на Божјето царство, и понатаму, во вечноста, сосредоточувајќи се на скорашниот славен и најславен настан не само за нашата планета, туку и за целата вселена - на второто Христово доаѓање.

Во својата книга “Апокалипса - Откровение”, единствена од таков вид во светот, професорот Максвел на полни 736 страници на извонредно убав и интересен начин, теолошки издржано, стручно и зналечки, ни ги толкува виденијата и пророштвата што ги добил апостол Јован од Бога и со своја рака, со стегнат библиски јазик, мошне концизно, ги запишал во својата книга “Откровение”.

Книгата изобилува со теолошки, историски, а пред сe со библиски пророчки информации со кои читателот го зголемува и збогатува својот животен опус со сознанија кои му помагаат животот, светот и иднината да ги согледа и да ги посматра од друга перспектива, наполно различна од онаа што ни ја нудат и натураат науката, политиката, филозофијата - различна од сите наши досегашни согледби и сфаќања.

Откровението што му го дал Христос на својот ученик и апостол Јован на островот Патмос во Егејско Море, со многу симболи и слики, разработено и образложено од еминентниот професор теолог и историчар од највисок светски ранг, Максвел, му овозможува на читателот себеси да се гледа во нова светлина, со нови одлуки и животни преорентации и престројувања.

 

Наведуваме дел од богатата содржина на книгата:

Четири јавачи, познати како “Четири јавачи од Апокалипсата” * Седум печати * Седум труби кои најавуваат судови * Исламот во библиското пророштво * Големата стара змија, ламјата, која се вика ѓавол и сатана *На небото војна - судир меѓу небесните армии * Ѕверовите во Библијата * Ѕвер со седум глави и со десет рогови * Ѕвер со два рога како кај јагне * Америка во библиското пророштво * Жиг на ѕверот и Божји печат * Жена блудница која јава на црвен ѕвер * Чиста и света жена облечена во сонце * Божјиот небесен суд * Армагедон (последна армагедонска битка) * Седум последни зла * Царевите од исток * Второто Христово доаѓање * Две воскресенија на мртвите * Библиски милениум * Од небото се спушта на земјата небесен град * Новото небо и новата земја и вечниот живот... и многу, многу други нешта видени со окото на апостол Јован и запишани со негова рака.

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков