150ден.
(+поштарина)
 
Современиот човек и Библијата
Х. Хајнц

“Современиот човек и Библијата” (244 страници, трето издание) е дело на Ханс Хајнц, австриски теолог и универзитетски професор со светско реноме, една од најубавите книги која зазема видно место во опусот на светската духовна литература, преведена на многу светски јазици и омилена кај стотици илјади луѓе во цел свет, бидејќи во неа авторот, како извонреден библиски егзегет, исцрпно и на мошне интересен и прифатлив начин систематски ја обработува и пред современиот човек ја изнесува целокупната библиска наука, будејќи кај него непреодолив интерес и силна желба самиот да нурне во библиските длабини и во нив да ги открие изворните библиски вистини и да ужива во нивната божествена убавина.

Покрај мноштво други важни информации и сознанија, професорот во оваа книга ни дава сеопфатни податоци за Библијата како Божја книга, ни објаснува како и кога настанала таа книга како книга, кој е нејзин автор и нејзини писатели, опишувајќи ни го скелетот на нејзината наука и порака. Многу убаво и опширно ни ги опишува четирите светски царства видени со пророчко око и запишани со пророчко перо на светите страници на Библијата.

Посебно авторот во книгата длабоко навлегува во суштината на христолошките проблеми околу кои во одделни христијански кругови се кршат копја и библиски издржано и убедливо Христа го прикажува како вечен Бог и Јехова, Оној ист Јехова од Стариот завет.

Нашето време го прикажува како последно време, потврдувајќи го тоа со библиските знаци што се исполнуваат пред нашите очи, создавајќи кај нас цврсто убедување дека ние веќе сме го пречекориле прагот на последните денови и незапирливо брзаме во пресрет на второто Христово доаѓање, во пресрет на вечната зора што веќе рудее и нe гали со своите милни зраци, брзаме кон вечниот живот што наскоро ќе ни го донесе Христос од небото.

 

Наведуваме дел од содржината на книгата:

Може ли современиот човек да верува во Бога? * Потеклото и целта на човекот * Најсигурна пророчка реч * Личноста на Исуса од Назарет * Прибежиште во Бога * Десет Божји заповеди * Исус пак ќе дојде * Времето и знаците * Споменик на создавањето * Смртта - почеток или крај * Окултизам * Светот на пресвртница * Последен Божји повик до луѓето * Судбоносна одлука * Небото те чека тебе!

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков