Повеќе

На сите страни се чувствувала потреба од реформа која би го ублажила непотребното мачење на луѓето. Група христијани-адвентисти, кои во тоа време биле се уште малку на број, во 1866 година ја отвориле вратата за толку потребната реформа кога ја основале првата здравствена институција во Батл Крик, Мичиген, каде што на болните, покрај другото, им биле препорачувани и физички вежби за да закрепнат. Адвентистите го основале овој институт со цел да ги поучуваат луѓето правилно да се хранат, да ги упатуваат на природните лекови и да ги одвраќаат од отровите со кои секојдневно биле труени изнемоштените пациенти.

Адвентистите сфатие дека е потребно истовремено да се негува физичкото, душевното и духовното здравје. За задоволување на духовните потреби тие ја употребувале Библијата, а за комбинирано лекување на духот и телото го применувале методот на Исуса Христа, кој повеќе време поминувал лекувајќи го народот отколку што проповедал. Покрај лекувањето на болните, адвентистите ја истакнувале превенцијата на болестите, повикувајќи го народот да ги почитува како моралните, така и природните, здравствените закони.
Идејата за природни лекови и за здрав начин на живеење: чист и свеж воздух, умерена сончева светлина, умереност во се, неопходен одмор, физички активности, здрава храна, чиста и здрава вода и доверба во Бога - е апсолутно адвентистичка идеја којашто адвентистите ја промовираат повеќе од 150 години, а дури денес ја потврдува современата медицина.

Исто така идејата за употреба на интегрални житарици, за интегрална, нерафинирана храна, како храна со највисок квалитет, која денес е темел на макробиотичката исхрана во цел свет - е стара адвентистичка идеја што се потврдува денес.

Корнфлексите, како извонредно здрава храна која исто така денес обилно се користи во цел свет како “Келогов појадок” (според адвентистичкиот д-р Келог, кој прв ги вовел во исхраната), на светот му ги подариле адвентистите.

Денес адвентистите од сите цркви имаат најдобро организиран здравствен и воспитно-образовен систем во светот, со многубројни здравствени центри и болници низ кои поминуваат и се лекуваат милиони пациенти годишно, задоволни од толку посакуваната високо квалитетна болничка нега; имаат илјадници школски установи од секој вид во кои се образува армија од над еден милион млади луѓе кои дејствуваат како реформатори на сите подрачја од животот и се промотори на здравствени идеи и сознанија насекаде низ светот кој погрешно живее и погрешно се храни.

Активностите на адвентистите на подрачјето на здравството низ бројки

Болници и санаториуми 166
Клиники и здравствени центри 395
Старски домови со болничка нега 131
Домови за сирачиња и детски домови 29
Авиони и бродови во здравствена служба 7
Медицински персонал 26.800
Пациенти (годишно) 11.136.941
Фабрики за здрава храна 27

ОБРАЗОВАНИЕ

Вкупно школи 5.605
Основни училишта 4.407
Средни училишта 106
Високошколски установи 99
Установи за обучување на кадри 35

Вкупно  ученици и студенти 1.056.349
Ученици во основни училишта 749.425
Ученици во средни училишта 223.858
Студенти на високошколски установи 78.189
Наставнички персонал 53.800

Познат и многу ценет во светот е адвентистичкиот медицински центар “Лома Линда”, во Калифорнија, со комплетен современ медицински факултет, со квалитетни болници опремени со најсовремена медицинска опрема и со врвно стручен персонал, во кои се лекуваат илјадници пациенти, меѓу кои и многу видни луѓе од цел свет. Научно медицинскиот центар во Лома Линда спаѓа меѓу најдобрите здравствени институции на светот. Во Лома Линда се наоѓа првата болница на светот која во 1990 година почнала успешно да лекува рак со помош на протони. Едновремено таа е една од најмодерните болници на светот за лекување на новороденчиња, која особено е позната по пресадување на срце кај новородени бебиња. Во овој центар лекарите успешно разделуваат сијамски близнаци, а тука е извршено и првото пресадување на срце од бабун во градите на малечко дете.




Ви препорачуваме

Живот без стрес
Извонредно корисна книга која ќе ви помогне да се справите...
 
повеќе


НАСКОРО!
Исхраната и здравјето
Откријте ја улогата на исхраната во вашето здравје...
 
повеќе


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков