Зошто адвентистите не палат свеќи за умрените и не даваат задушници? Основна причина за неземање учество во овие и слични обреди за умрените е библиската вистина дека човекот по смртта не живее. Не постои некој негов дел (дух, душа...) кој независно од телото живее, мисли, чувствува или на кој било начин или на кое било место, егзистира: „Живите барем знаат дека ќе умрат, а мртвите не знаат ништо... Одамна ги снема: нивната љубов и нивната омраза и завист, и веќе немаат учество во ништо што се случува под сонцето... Нема работа, ни мислење, ни знаење, ни мудрост во гробот во кој заминуваш.“ (Проповедник 9,5.6.10) „Кога ќе излезе духот од него (од човекот) , тој се враќа во својата земја, и во тој ден проаѓаат сите негови мисли“. (Псалм 146,4) Постојат уште низа Библиски цитати кои потврдуваат дека мртвите не знаат ништо. Затоа, сметаме дека е бесмислено да се вршат обреди за некој (колку и да ни е драг) кој не може да не чуе, види, ниту да ги вкуси даровите кои сме му ги донеле.
|
|
Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев |