Кога ќе се случи воскресението на мртвите? Библијата ни дава извештај дека ќе има две воскресенија:
Во овие две воскресенија ќе бидат опфатени сите луѓе, од создавањето на светот па до крајот на човечката историја, освен оние кои живи ќе го дочекаат тој славен ден и ќе немаат потреба од воскресение. Првото воскресение или воскресението на праведниците, ќе се случи при Второто Христово доаѓање на Земјата: „Зашто самиот Господ... ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме земени заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа“ (1. Солунјаните 4,16-17) . Исус рекол: „А ова е волјата на Оној кој ме прати: да не изгубам ништо од се што ми даде, туку ДА ГО ВОСКРЕСНАМ ВО ПОСЛЕДНИОТ ДЕН“ (Јован 6,39). „Тоа е првото воскресение. Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение, над овие втората (вечната, конечна) смрт нема власт“ (Откровение 20,5.6). Второто воскресение, воскресението на грешниците, ќе се случи илјада години подоцна: „А другите мртовци не оживеаја, додека не се навршија илјада години“ (Откровение 20,5 првиот дел).
|
|
Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев |