Како се станува адвентист? Кога човек, врз основа на Библијата, ќе се увери дека Адвентистичката црква е вистинската Божја Црква и посака да стане нејзин член, тогаш тој ги ивестува за таа своја одлука одговорните лица во најблиската месна црква. Тогаш тие свикуваат црковен одбор, на кој го испрашуваат кандидатот за да се уверат во неговото познавање на Библијата и за да проверат дали таа одлука е донесена како плод на сериозно и темелно размислување. Доколку одлуката на одборот е позитивна, кандидатот се препорачува на црквата (целото верништво на месната црква) како главно тело. Пред нив тој, во кратки црти, уште еднаш го повторува сведоштвото за својата вера. Ако и црквата се сложи, тој добива одобрение да биде крстен со библиско крштевање. Крштевањето се изведува со целосно потопување на човекот во вода од страна на ополномоштен проповедник. Зависно од приликите тоа се изведува во специјален мал базен (крстилница) или пак во природа - во река, езеро, море. По крштевањето, сега веќе новиот верник, е примен во црквата и ги добива сите права и должности како и останатите верници. Тој станува член на таа месна црква, но и член на големото светско семејство на повеќе од 13 милиони адвентисти. Пристапувањето кон црквата на адвентистите на седмиот ден е целосно доброволно. Исто е и со останувањето во неа. Доколку некој тоа го посака, во секое време може да ја напушти припадноста на Адвентистичката црква и да се врати кон претходната верска определба, или пак по сопствена волја избере нешто сосема друго. Една од најважните работи за Бога (а, би требало да е и за сите христијани) е човековата слобода на избор.
|
|
Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев |