Нововерци?!

Прекарот „нововерец“ вообичаено им се прикачува на оние за кои луѓето сметаат дека „не се како другите“, „не прават исто како нас“, „имаат вера поинаква од нашата“ и сл.

Можеби ќе се зачудите ако ви кажам дека првите христијани, оние кои би требало да ни бидат пример за христијанство, биле „нововерци“ - биле луѓе кои си ја смениле верата.

Имено, дел од нив претходно биле јудаисти (Евреи), а дел од нив, меѓу кои и Македонците (спомнати по име во Библијата) биле многубошци или пагани. Кога чуле за „новата вера“ од Исус Христос, од неговите апостоли или од нивните соработници, тие со срца исполнети со радост го оставиле старото и го примиле новото, подоброто - го примиле христијанството.

Уште поинтересно е тоа што и самиот Исус, во одредена смисла на зборот, бил „нововерец“. Тој бил осудуван од тогашните верски водачи како некој кој учи „нова наука“ (Марко 1,27; Дела 17,19), како некој кој „Не ги почитува преданијата на старите“ (Марко 7,5).

Еве го неговиот одговор на тие обвинувања: „Зошто вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?... Лицемери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: Овој народ ме почитува со усните, а нивното срце стои далеку од Мене (од Бога) . Но, напразно ми се поклонуваат, учејќи науки, што се ЧОВЕЧКИ ЗАПОВЕДИ“ (Матеј 15,1-9). Исус им вели на црковните великодостоинственици од она време дека попусто се обидуваат да му угодат на Бога ако ги отфрлаат Неговите Заповеди и ги заменуват со човечки филозофии, со човечки заповеди.

 

Но, дали Исусовите учења навистина биле некоја нова, дотогаш непозната наука?

Ако внимателно се проучува Библијата ќе се увиди дека зборовите кои Исус им ги упатувал на луѓето, начинот на живот на кој ги повикувал, всушност претставува враќање на старите, заборавени вистини. Исус сакал да ја исчисти верата од сите човечки закони и филозофии, традиции и преданија кои ја обремениле и ја направиле тешка и одбојна во очите на обичниот човек и, што е најважно, предизвикувале да се добие погрешна слика за Бога.

Исто е и денес! На адвентистите (иако не само на нив), не ретко, им се прикачува прекарот „нововерци“, а всушност верувањата на адвентистите се истите оние кои Исус ги проповедал, но кои низ вековите, поради различни влијанија, биле потиснати и заборавени. Пораката на адвентистите, е повик за враќање кон старите, изворни верувања, карактеристични за првите христијани, за Христовите ученици.

 

САКАМ ДА ПРАШАМ...
Доколку имате некое свое прашање кое не е опфатено во содржините кои ви ги изнесуваме или пак за некое од нив би сакале поподробно објаснување, Ве молиме пополнете ги полињата подолу. Ќе се потрудиме во најкраток можен рок да ви одговориме.

вашето прашање:

е-mail:

 



Времето и знаците
Книга во која се разрешени бројни прашања и дилеми преку одговори исцрпени од Библијата како единствено вистинско мерило...
 
повеќе


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев