Тогаш, што се случува со човекот по смртта? Библијата бележи дека при создавањето на човекот се случил следниот процес: „Господ, Бог го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа.“ (1. Мојсеева 2,7) Значи,
Поради прекршувањето на Божјиот Закон човекот станал подложен на умирање. При смртта се случува обратен процес од оној при создавањето: „И се врати правот во земјата како што дојде од неа, а духот се врати при Бога, Кој го даде!“ (Проповедник 12,7). Во мигот на смртта престанува постоењето на човекот како живо суштество во секоја смисла на зборот. Се одвојуваат компонентите од кои бил составен и сега имаме безживотно тело (кое со распаѓање ќе се претвори во земја, прав) и духот (животната енергија) кој се враќа кај Животодавецот, кај Бога, кој го дал. Нема веќе ЖИВА ДУША, нема жив човек. Останува само записот за неговиот живот во „небесните книги“ според кој ќе му биде судено на Божјиот суд (Даниел 7,10; Откровение 20,12). Без разлика дали бил добар човек или злосторник, кога ќе умре, човекот се враќа таму од каде што дошол: „Прав си и во прав ќе се вратиш“ (1. Мојсеева 3,19). Таму тој чека, „спие“ (Јован 11,1-14) сe до денот кога ќе биде повторно повикан во постоење (воскреснат) за да ја прими својата плата според делата. Исус кажува: „Доаѓа часот во кои сите кои се во гробовите ќе го чујат гласот на Синот човечки и ќе излезат од нив; оние што правеле добро, ќе восреснат за живот, а оние што правеле зло, ќе воскреснат за осуда“ (Јован 5,28-29).
|
|
Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев |